(Видео) Кристијан Голубовиќ ги загуби нервите, го турна Томовиќ, десет души не можат да го задржат

Кристијан Голубовиќ во тек на номинациите тргна кон Марија Кулиќ, а благодарение на брзата реакција на Владимир Томовиќ и останатите беше спречен физички дуел меѓу Голубовиќ и Марија.

Во текот на номинациите, кога Кристијан доби збор, се скара со Марија која му го спомна семејството, а тоа го изнервира, па изгуби контрола и тргна кон неа.

„Ќе ве уништам ако уште еднаш ми го споменете семејството, јас ќе ве избркам од тука“, кажа Голубовиќ бесно.

Тој потоа се затрча кон Марија, а Томовиќ застана меѓу неа и Кристијан, па при обидот да го задржи, тој падна на подот, а потоа реагираа и останатите учесници во Задруга.

Коментари

Популарно