Го победи ковидот, а после 2 месеци почина!

47-годишен пациент од Блекпул, кој беше отпуштен од интензивна нега пред само два месеци, откако преживеа 60-дневна битка со коронавирусот, починал од последица на долготраен ковид.

Инженерот за вселенски летала Роел Рибаја беше примен во болницата Викторија на 29 мај, каде помина два месеци на интензивна нега, од кои 48 дена на респиратор.

Лекарите и медицинските сестри славеа кога тој ја напушти болницата во јули, бидејќи тој беше единствениот преостанат пациент од првиот бран на епидемијата.

- Бев сигурен дека ќе умрам. Како можете доволно  да им заблагодарите на луѓето што ви го спасија животот? - рече тогаш за британските медиуми.

Сепак, тој почина минатиот четврток, а неговата вдовица, медицинската сестра Стрела Рицио-Рибеја, откри дека тој всушност „никогаш не се опоравил“ од долгорочните ефекти на вирусот корона, за што малку се зборува.

Тој претрпе срцев удар во четвртокот, падна во дводневна кома и почина.

- Тој никогаш повеќе не беше ист. Тој се бореше за секој здив. Слушајте ги властите и следете ги мерките за спречување на овој вирус. Тој замина прерано. Не сакам повеќе никој да умре - истакна несреќната жена.

Нивниот близок пријател Марк Делабајан изјави дека семејството е во шок.

- Тој имаше долготране ковид. Неговото дишење никогаш повеќе не беше исто и не можеше да се качува по скалите. Тој беше вратен во болница неколку пати - рече тој и додаде дека причина за смртта е срцев удар, а во исто време страдаше од белодробна фиброза што се случи како резултат на респиратори.

Коментари

Популарно