ВИДЕО: Хабиб преку Гејчи стигна до 29-0, па најави ММА пензија!

Хабиб Нурмагомедов стигна до нова победа во УФЦ октагонот и го доби дуелот на шампионите со Џастин Гејчи.

Русинот прсна во плач по триумфот, потсетувајќи се на смртта на неговиот татко, Абдулманап, кој ја загуби битката со коронавирусот пред неколку месеци

Актуелниот шампион во лесна категорија го сопре противникот во втората рунда, кога направи зафат на неговиот врат и го натера да се предаде. Тоа значи дека го задржа перфектниот скор во ММА со 29 победи и ниту еден пораз.

Шокантно Хабиб по борбата најави дека заминува во пензија и ги остави ракавиците на подот на октагонот. Според неговите зборови, неговата мајка го замолила да не се натпреварува повеќе без присуство на неговиот татко.

Извор:https://www.gol.mk/

Коментари

Популарно