Фото: Фолк пејачката „изгуби“ 20 килограми!

Фолк пејачката Јана Тодоровиќ ослабе повеќе од 20 килограми, а се пофали со својата нова линија на Инстаграм.

Имено, Јана позираше средена од глава до пети во бел, краток фустан кој го истакна нејзиното деколте, но и „затегнатите“  нозе.

Како што изајви пејачката со месеци беше на посебна диета.

- Јас сум хедонист и сакам да јадам квалитетна и вкусна храна. Кога неодамна стапнав на вагата, се зачудив. Сфатив дека морам да направам нешто. Јас се здебелив 20  килогграи! Во тој момент имав 82 килограми, што беше премногу - , додавајќи дека нејзината пријателка ја убедила да посети нутриционист.

- И реков на мојата пријателка дека не знам дали ќе можам да ослабам, бидејќи не сакам ограничувања. Но, го прифатив предизвикот и отидов на диета. Ми беше многу тешко да јадам само варена храна, па затоа сакав да се откажам од сè неколку пати! Сепак, издржав, исфрлив леб, слатки, зачинета и пржена храна, јадам месо во мали количини ... И порано живеев на тоа! Веднаш почнав да ги забележувам резултатите.

Коментари

Популарно