Наместо класичната варијанта со мелено месо, испробајте го и овој начин на полнење и ќе подготвите царски деликатес со фантастичен вкус.
СОСТОЈКИ:

1 кг пиперки за полнење
1 праз
масло
100 гр варен ориз
200 гр шампињони
1 лажица ајвар
1 рендан морков
домат за затварање
зачин
бибер
сол
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Празот исечкајте го тенко, морковот изрендајте го, а шампињоните исечкајте ги на ситни листови. Во тенџере ставете 50 мл масло па пропржете, додајте ориз, бибер, 1 лажица ајвар, сол и малку зачин. Може и сечкан магдонос. Пиперките измијте ги и исчистете ги од семки, па наполнете ги со фил.
Затварајте ги пиперките со кругови домат или листови компир. Пиперките редете ги во плех, намастете од горе и ставете во рерна. Печете на 200 степени околу 40 минути.
Добар апетит!
Готви.мк