Рецепт за вкусна проја со спанаќ.
СОСТОЈКИ:
3 јајца
150 гр пченкарно брашно
100 мл масло
100 мл јогурт
250 гр обварен спанаќ
200 гр сирење
сол
1/2 прашок за печиво
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Јајцата разматете ги со жица, додајте брашно и прашок за печиво, масло, јогурт, обварен и исечкан спанаќ, издробено сирење, малку сол и добро изедначете.
Ставете во намастен плех и печете на 220 степени 40-45 минути.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Готви.мк