Нема да има повеќе автомобили со бугарски таблички во Македонија

Она што се шушка веќе долго време,  најверојатно ке се протурка до крајот на годинава како закон. Имено, ке биде побарано од сите кои се носители на Македонски пасош, а возат возила на странски регистарски таблички, да ги префрлат на Македонски таблици.

Нефицијално  сообраќајната полиција во повеќе градови  има дописи-насоки да почнат да ги исклучуваат овие возила од сообраќај, и опцијата која ке биде дадена е да платат за да ги префрлат на македонски таблички, или возилото да остане запленето.

Неофицијалните информации до кои дојдовме се дека сите граѓани коишто имаат возила со странски регистарски таблички ќе добијат извесен период во кој ќе треба да ги префрлат регистрациите на македонски таблички, а за тоа од државата ќе добијат одредени бенефиции и попусти.“

Според информациите кои ги добивме од Царинската управа во текот на оваа година најголем дел од увезените возила се од државите од Европската Унија, односно од Германија, Бугарија и Словенија. Помал дел се и од САД. Во моментов за регистарските таблички да бидат префрлени од странски на македонски, сопственикот на возилото треба 23 отсто од цената по којашто го купил да ги плати за царина и данок.

Коментари

Популарно