Пејачката Кети Пери ги збуни обожавателите со новиот изглед

Пејачката Кети Пери објави фотографија на Инстаграм во која ја промовира својата нова песна „Not the End of the World“, но песната падна во втор план.

Имено, поради својата сличност со Адел, пејачката во еден момент целосно ги  збуни фановите, кои почнаа да се прашуваат кој ена сликата, Кети или Адел?

Кети е позната по кратката коса, но на последната објавена фотографија има долга и „брановидна“ коса. Покрај тоа, многумина коментираа дека таа има иста шминка како што  има Адел, комплетно нејзиниот стил на шминкање.

"Дали е оваа Адел? Неверојатно е колку изгледате. Мислев дека ова е Адел", е само еден од коментарите под објавената фотографија.

Ова не е прв пат пејачите да ги збунат своите обожаватели. Адел ги шокираше фановите минатата година со фотографии од карневалот Нотинг Хил во Лондон. тогаш таа носеше костим за капење и истакна нејзината витка линија по губењето на повеќе од  40 килограми, но многу од нејзините следбеници  ја  споредија со Кети Пери. Уште тогаш ја забележаа нивната сличност.

Коментари

Популарно