Изненадувачки едноставна подготовка за вкусен специјалитет…
СОСТОЈКИ ЗА ТЕСТО:
800 гр брашно
1-2 лажичка сол
2 лажици масло
500 мл млака вода
СОСТОЈКИ ЗА ФИЛ:
500 гр јунешко мелено месо
1 главица кромид
бибер
сол
СОСТОЈКИ ЗА ПРЕЛИВ:
100 мл јогурт
3 чешниња лук, ситно сечкан
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Тестото замесете го, потоа оставете да отстои. За тоа време направете фил од месо и кромид, и тоа добро зачинете го. Тестото развлечете го со раце и со прсти полнете го со фил, потоа одвојувајте облици за мантии.
Мантиите редете ги во намастен сад за печење. Печете на 200 степени 25-30 минути. Потоа прелијте со прелив од јогурт и лук.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“:
Готви.мк