Дневен Хороскоп

ОВЕН

Одите напред-назад со вашите финансии, постојано имате некои плаќања и се прашувате кога нештата ќе станат подобри. Наскоро доаѓа финансиска помош или некои пари кои долго ги исчекувате. Венера влегува во вашиот сектор на љубовта а тоа ќе донесе компликации со партнерот, ќе ви биде тешко да дојдете до заеднички јазик. Нешто кое се одолговлекува конечно ќе заврши.

БИК

Започнува нов циклус на љубовен план, старите проблеми со партнерот ќе бидат надминати и ќе започнете нов лист полн со хармонија и разбирање. Ќе бидете страствени и посветени. Комуникацијата со другите е одлична а тоа ќе ви помогне да остварите многу ваши замисли. Манифестирате некои ваши желби, наскоро ќе се радувате.

БЛИЗНАЦИ

Започнува доста важен циклус во вашиот живот кој ќе ја опишува врската која ќе ја имате со другите луѓе. Постои потенцијал за растење, разрешување на некои проблеми, барање одговори. Дајте си време на себеси за напредок и подобрување.

РАК

Овој викенд ќе бидете под влијание на Нептун атоа ќе ви донесе можност да се изразувате и да ги искажувате вашите мисли на послободен начин. Доколку имате план за патување сега е иделане период. Пишувањето ќе ви годи. Пристигнува период кога ќе можете да здивнете од обврски.

ЛАВ

Среќата е на ваша страна и ви донесува слобода да правите сопствени избори и да донесувате одлуки кои ќе ве направат задоволни. Вашите цели и амбиции ќе бидат остварени, немојте да се грижите. Можна е промена на работното место или унапредување.

ДЕВИЦА

На професионален план нештата течат онака како што посакувате. Очекувајте повик од некој стар пријател или некој кој ви драг. Вашите амбиции ве водат, вие сте на вистинскиот пат. Ќе успеете да ги остварите сите нешта кои ви се на врвот на листата. Ќе бидете зафатени со одговарање на деловни емаилови.

ВАГА

Ќе добиете информација во врска со вашите финансии, известување кое одамна го чекате. Ќе ги разгледувате вашите опции и ќе барате најдобар пат за да остварите нешто. Си поставувате некои ограничувања и тоа ве спречува да бидете среќни, добро размислете. Посоветувајте се со постара личност.

ШКОРПИЈА

Неплатената работа конечно ќе ви биде исплатена, ќе имате подобрување на вашата финансиска состојба. Нешто што ви е важно ќе се оствари онака како што посакувате. Ќе добиете некое расветлувате во врска со љубовниот живот, можеби некој ќе ви открие некоја тајна, ќе се двоумите и ќе треба да донесете некоја одлука.

СТРЕЛЕЦ

Циклусот продолжува и полека се изморувате од вашата рутина. Можеби треба да воведете некои проемени кога е во прашање работата или приванито живот. Си ја сакате слободата и не сакате да се обврзувате а тоа му пречи на вашиот партнер. Ќе треба да направите промена и да донесете важна одлука која ќе ве засега и двата.

ЈАРЕЦ

Домот и семејството моментално ви се најважни, што и да правите ќе донесувате одлуки поврзани со тоа. Ова исто така важи и за вашие амбиции и цели. Ќе патувате некаде надвор од градот а тоа ќе ви годи. Можеби ќе го промените местото на живеење. Понуда за нова работа.

ВОДОЛИЈА

Венера ви донесува многу страствени мигови. Ако сте студент или невработен, ќе бидете ангажирани околу некои проекти. Ќе се впуштите во нешто интересно кое ќе ви го подигне духот и ќе ве исполни со енергија. Ќе сакате да се средувате и да изгледате убаво.

РИБИ

Пристигнува интересен период кога ќе правите ретроспектива на вашето минато и одлуките кои сте ги донеле на љубовен и професионален план, ќе сфатите дека сте направиле некои грешки но сеуште не е многу доцна за да промените некои од нив. Ќе прифатите некоја понуда и ќе бидете среќни.

Коментари

Популарно