Манастирски паприкаш

Евтино, а вкусно јадење!

СОСТОЈКИ:

1/2 кг компири

1/2 кг кромид

2 моркови

4 меснати пиперки

1 веза магдонос

2 лажици сув зачин

2 лажици брашно

мелена црвена пипер

сол

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Компирите излупете ги и исечкајте ги на коцки, налијте со вода и ставете сечкан кормид, морков, пиперки и се заедно гответе.

Брашното и црвената пипер разматете ги во малку вода и измешајте во јадењето. Додајте зачин и сол по вкус, па тргнете од шпорет и додајте веза ситно сечкан магдонос.

Добар апетит!

Готви.мк

Коментари

Популарно