Овие намирници се задолжителни за пушачите

Ако сакате вашите бели дробови да бидат здрави, тогаш откажувањето од цигарите е вистинската работа, но она што е на вашата чинија е исто толку важно бидејќи одредена храна може да го подобри здравјето на вашите бели дробови.

Студијата, објавена во „Европски респираторен журнал“, опфатила 680 лица, од кои некои биле непушачи, некои поранешни пушачи и пушачи. Тие одговорија на прашања во врска со нивната сегашна диета и беа извршени мерења на спирометар, тест што ја мери функцијата на белите дробови врз основа на вдишување и издишување. Тие го повториле тестот 10 години подоцна.

Истражувачите заклучиле дека колку повеќе јаболка, банани и домати јаделе поранешните пушачи, толку помалку оштетување имало на нивните белите дробови во тој период.

Ова е многу важно затоа што стареењето и пушењето се најголемите причини за намалена функција на белите дробови. Оваа храна е добра бидејќи содржи многу антиоксиданти кои помагаат да се намали воспалението на органите за дишење и потенцијално да се подобри здравјето на белите дробови

Друга група на антиоксиданти, наречени флавоноиди, исто така може да биде одговорна за ова. Овие состојки се наоѓаат во голем број видови на овошје и зеленчук и го олеснуваат дишењето. Ова објаснува зошто јаболката и бананата се поврзани со подобрување на функцијата на белите дробови.

Коментари

Популарно