Како Грожан преживеа 27 секунди до пеколот

Ромeн Грожан, возачот на Формула 1, имаше страшен судар на денешното ГН во Бахраин, неговиот болид летна во ограда и експлодираше. Тој брзо, без поголеми повреди успеа да излезе од болидот, по што беше пренесен во болница. Од неговиот тим објавија дека има изгореници на рацете и зглобовите.

„Грожан е добро. Има полесни изгореници на рацете и зглобовите. Поради добрата работа на редарите и ФИА се спаси, беше страшно“, изјавија од тимот на Грожан, кој вчера се огласи и на социјалните мрежи.

„Поздрав до сите, сакам да кажам дека сум добро, поточно речиси добро. Ви благодарам на сите за пораките и на лицата на патеката и во болницата. Се надевам дека наскоро ќе можам сам да пишам порака и да се ве известам што се случува“.

Шпанска „Марка“ денеска објави тескт со наслов – 27 секунди до пеколот.

„Меѓу возачите се виде страв, но и кај оние кои ја гледаа трката на ТВ. Никој никогаш не доживеал ваков пекол. Автомобилот беше преполовен, што предизвика литри гориво да се излеат од резервоарот “, пишува Марка на почетокот на својот текст и додава:

„Сцената на запалена сенка, како излегува без чевел, со стопен визир и пламени раце, ќе остане запаметена“.

Сепак сето останато функционираше добро, тој беше свесен дека мора да го напушти болидот десет секунди по сударот, веднаш почна да го вади појасот без разлика што доживеа голем шок. Грожан не успеа во предвиденото време да го стори сето ова, му беа потребни 27 секунди, неговиот костум издржа температура од 800 степени најмалку 11 секунди, додека дојде автомобилот со апаратот за гасење на пожар.

ХЕРОЈ ОД СЕНКА

Херојот од сенка е докторот, Робертс, го зеде апаратот за гаснење пожар од комесарот и побрза да го исклучи автомобилот без да помисли дека може да експлодира и да им го одзеде животот на двајцата.

„Ова што се случи не беше нешто за што трениравме. Автомобилот беше преполовен, не ги видовме ниту двете половини од количината на пламен. За среќа, комесарот имаше апарат за гаснење пожар, па го искористивме за да изгаснеме дел од пожарот и да му помогнеме на Ромeн да излезе од автомобилот “, рече Робертс и додаде:

“Му реков да седне кога ќе го извлечеме, тој беше во шок. Неговиот визир беше стопен, но тој не успеа да вдише многу токсичен чад во белите дробови, па помина подобро од очекуваното. На крајот тој само сериозно ги повреди рацете и нозете, е вистинско чудо“.

извор: sportmedia.mk

Коментари

Популарно