(Фото) Им ја раскопаа улицата и повеќе од 1 година никој нејќе да ја поправи

Повеќе од една година жителите на скопската улица Козле 1 во Нерези кога ќе заврне дожд мораат да носат чизми затоа што цела улица е покриена со кал.

Проблемот се појави кога јавното претпријатие за Водовод и канализација ја раскопа улицата (изградена од самопридонес) за да постави цевки и ја остави така.

Сега и Водовод и Општина Карпош си префрлаат кој е домен да ја поправи улицата, а во меѓувреме ние си газиме и возиме е по кал кал како да живееме во 18 век. Има ли некој да пресече и да одлучи кој треба да ја поправи улицата?

Испратено од Еллам

Коментари

Популарно