(Фото) Беше Мис Југославија пред 20 години и сон на секој маж - го заведе познатиот актер и исчезна

Некогашната манекенка Тијана Стајшиќ важеше за една од најубавите жени во Југославија, но веќе со години не е присутна во јавноста.

Во 2001-ва година победила на изборот за Мис Југославија и ја претставила својата земја за избор на Мис на светот наредната година, каде освоила шесто место.

Оваа жена од Сомбор се занимавала со манекенство од тинејџерските денови, а во 2009-та година учествувала во реалното шоу „ВИП Големиот брат“. Таму го завела актерот Драган Маринковиќ Маца, кој тогаш признал дека Тијана му се допаѓа.

После споменатото ријалити шоу, го напуштила моделингот и завршила курс за шминкање, со што и денес се занимава. Живее во Нови Сад. Покрај мода, се занимавала и со спорт, па била првак во Југославија по карате.

Тијана денес доста се изменила од периодот кога ја понела титулата за најубава жена, а очигледно е и дека не им одолеала ниту на естетските операции. Многумина велат дека претерала. Што мислите вие?

Коментари

Популарно