Отпор во Европа против вакцината на АстраЗенека

Здравствените власти во некои европски држави имаат отпор кон вакцината против Ковид-19 на АстраЗенека откако поради нуспојави здравствени работници земале боледување, со што се појави дополнително оптоварување на веќе опретените здравствени услуги, јавува Ројтерс.

Како што покажуваат клиничките испитувања, по примањето на вакцината на АстраЗенека може да се појават нуспојави, како што се висока температура, главоболка, а тоа е нормален знак дека телото создава имунилошки одговор. Тие обично поминуваат по неколку дена.

Другите вакцини одобрени во Европа, како што се Фајзер и Модерна исто така се поврзуваат со привремени несакани ефекти, вклучувајќи треска и замор.

Но, за АстраЗенека здравствените власти во Франција издадоа упатство за пролонгирање на аплицирањето, два региони во Шведска направија пауза од вакцинација, а во Германија некои работници одбиваат да се вакцинираат со таа вакцина.

-Во моментот пријавените реакции се како што очекувавме врз основа на собраните докази од нашата програма за клиничко испитување, соопшти портпаролот на компанијата, додавајќи дека засега нема потврдени сериозни несакани дејства.

Коментари

Популарно