(Фото) Лила Филиповска откри колку чини летање со балон во Кападокија

Лила Филиповска неодамна се врати од патувањето во Турција, поточно од Кападокија и Истанбул, а по пристигнувањето дома во Скопје, се уште под импресии имаше многу да раскаже.

Таа на Инстаграм го сподели речиси целото искуство од патувањето, а сега одговараше и на прашања поврзани со истото. Едно од поинтересните прашања од следбениците кое го доби беше која е цената за летање со балон.

-Цената по човек е 150 евра, а летот трае околу еден час, гласеше одговорот.

Таа одговори и на прашањето како балонот се спушта на замја.

-Па, полека без нагли движења, долу чекаат луѓе кои помагаат при спуштањето и единствено кога слетува на земја има мал тресок од ударот кој е релативно благ, а луѓето треба малку да потклекнат и да ги свиткаат малку колената, детално објасни Лила.

Таа објасни и какво е чуството додека лебделе во воздухот со балон и откри дека биле на 900 местри височина.

Коментари

Популарно