Три неочекувани знаци кои укажуваат дека вашата врска е осудена на пропаст

Некои од знаците не е лесно да се препознаат и протолкуваат на вистински начин. Постојат многу причини поради кои што некоја врска може да успее, но исто така и да пропадне, а некои од нив навистина на прв поглед тешко е да се препознаат.

Експерт за врски, Џорџ Кали, привлекол големо внимание со својот список на причини на кои што мора да внимавате и кои што укажуваат на крај.

Многу секс

Како е возможно да имате премногу секс, се прашувате. Па, Кали смета дека погрешна е претпоставката дека партнерот кога ќе престане да покажува интересирање за секс, пронашол замена на друго место.

Вистината е друга – новото истражување покажало дека 40 отсто од луѓето кои изневеруваат имаат повеќе секс од вообичаено со партнерите затоа што дополнително ги возбудува и помислата за неверство. Доколку нешто се посомневате, Кали советува дека преку преминување на директна акција во кревет, директно треба да го прашате вашиот партнер откаде толкава енергија за секс.

Совршен партнер

Очигледно дека ниту совршенството не е доволно добро. Кали напоменува дека доколку слепо му верувате на партнерот и ги игнорирате неговите маани, тоа може да доведе до огромни проблеми. Од друга страна, зрелата љубов е рационална и оддржлива.

Однесување во јавност

Колку пати сте виделе парови кои што не можат да ги тргнат рацете еден од друг? Сигурно сте помислите – луѓе, изнајмете си соба! Но, нив не им треба соба туку советник за врски. Претераното покажување љубов во јавност е знак за несигурност, луѓето кои што се задоволни од својата врска немаат потреба да го докажуваат тоа и интимноста ја оставаат за себе.

Коментари

Популарно