(Видео) Генијален трик кој може да го замени пеглањето алишта

Помеѓу домашните обврски, можеби пеглањето е најомразената работа кој секој се обидува да ја избегне.

Меѓутоа, една мајка по име Шантел Мила споделила едноставен трик на својот Инстаграм профил со кој можете да го замените пеглањето.

Потребни ви се 2 чаши вода, една лажица бел оцет и една лажица регенератор за коса, кој ќе ги омекне влакната на ткаенината и ќе помогне во измазнување на гардеробата.

Сè што треба да направите да ги ставите 3-те состојки во шише со распрскувач и да промешате.

Шантел ја испркала облеката со овој спреј, го измазнила материјалот со рака, а потоа го закачила на закачалка и почекала да се исуши.

Коментари

Популарно