Нашинците во Германија денеска упатија писмо до РТЛ: НИЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ, ТАКА ДА НЕ НАРЕКУВАТЕ!

Нашинците во Германија денеска упатија писмо до спортската редакција на телевизијата РТЛ која ќе го работи тв-преносот од мечот меѓу Македонија и Германија, во кое се бара од коментаторите нашите фудбалери да ги ословуваат со термините „македонски“, „Македонци“.

Нашите иселеници во Германија велат дека по промената на името на официјалното име на државата, во странство (особено во германските медиуми) се почесто Македонците се нарекуваат Северномакедонци. Тоа не треба да стане пракса, а добро е да се реагира на ваквите големи спортски натпревари како вечерашниот меѓу Германија и Македонија во квалификациите за СП 2022.

Коментари

Популарно