Сеуште нема никаков одговор од Министерството за здравство за мајките кои се на породилно отсуство

Мајките кои што се на породилно отсуство испратиле отворено писмо до Министерство за труд и социјална политика, Министерство за здравство, како и до комисијата за заразни болести на Република Македонија за продолжување на продилното отсуство, поради ситуацијата која што секојдневно носи новозаразени случаи од Ковид-19, но сеуште немаат никаков одговор од ниту една страна.

-Писмото кое мајките го испратиле до Министерствата е следново:

Почитувани,

Ние мајките кои сме на породилно отсуство бараме да се продолжи платеното породилно отсуство.Ние сме во многу незавидна ситуација, бидејќи немаме можност да ги оставиме бебињата никаде за да тргнеме на работа. Имено, градинките работат и секако се уште се небезбедни (иако учителките може да се негативни, може некое дете да е носител без никој да знае и да ја рашири болеста), градинките работат со ограничен број на дечиња, поради социјалната дистанца не можеме, а и немаат сите услови да ги оставиме бебињата кај баби и дедовци или да ангажираме дадилки (не знаеме со кого биле во контакт претходно, а и немаат повеќето финансиска можност за ова).А со секој изминат ден има се повеќе заболени/починати. Поради тоа бараме да го заштитите здравјето на нашите најмали и најранливи и да го продолжите платеното породилно отсуство. Се надеваме дека ова ќе биде решено во најбрзо време и нема веќе да бидеме во неизвесност, бидејќи има мајки кои имаат притисоци за враќање на работа, недоволно разбирање и мешање на поимите вонредни и времени мерки, а сето тоа прави дополнителни притисоци и нервози во и онака напнатата ситуација. Ви благодариме однапред .

Коментари

Популарно