Македонец се вери со девојка од Перу- веридбата се следеше онлајн

Македонецот Мартин Глувиќ за време на пандемијата ја запознал љубовта на својот живот Луциа со која работеле заедно на Крузер.

Мартин веќе пет месеци е во Перу каде живее неговата избраничка, а неодамна и се вериле. Неговото семејство од Македонија веридбата ја следело онлајн.

Глувиќ за Струмица Денес вели дека во мај е закажана и свадба, а потоа заедно ќе дојдат во Македонија. 

-Веќе пет месеци сум овде во Перу. Ова е втор пат кога доаѓам, вториот пат е со убава причина – да ја побарам за сопруга. Во мај имаме закажано свадба, потоа здравје доаѓаме во Скопје, па на матично, вели тој за порталот.

Коментари

Популарно