Колку заработува Карлеуша од една емисија во „Ѕвездите на Гранд“?

Талент шоуто „Ѕвездите на Гранд“ веќе со годините опстојува на медиумскиот простор и секоја година е се погледано и погледано, но ваквата популарност можеби сега се должи на низата скандали и членовите на жирито.

Со години наназад се зборува дека членовите на жирито дебело заработуваат за да ги прават овие скандали и дека всушност ништо од она што го гледаме на ТВ екраните не е реално, туку е едно големо шоу во вистинска смисла на зборот. Иако никој не го потврдил ова сепак, во јавноста не престануваат да циркулираат цифрите кои тие ги добиваат како членови на жирито, а тие воопшто не се мали.

Низ сезоните цифрите се менувале, а како што се дознава моменталниот состав има најголеми хонорари од сите досега. Иако висината на хонорарите се држи во тајност, медиумите дошле до информации за истите.

Марија Шерифовиќ заработува околу 3.500 евра по емисија. Додека веднаш после неа е Карлеуша со 5.000 евра, како што истакнува изворот. Така што само од овие емисии Јелена заработила годишно околу 200.000 евра.

Дали овие цифри ги добиваат за нивниот професионален совет или за скандалозните изјави и настани, не знаеме, но тоа не го менува фактот дека шоуто е вистинска машина за пари.

Коментари

Популарно