Првите симптоми на ковид можат да бидат фатални

Ненадејниот замор во комбинација со ненадеен пад на нивото на тромбоцити во крвта е исто така симптом на ковид 19 во почетната фаза, додека покачена температура и отежнато дишење се развиваат подоцна, велат експертите. Тие исто така забележуваат дека игнорирањето на овие симптоми може да биде фатално.

Имено, според експертите, игнорирањето на овие првични симптоми може да има фатален исход, пренесува Business Insider.

„Кај секоја вирусна инфекција се намалува бројот на тромбоцити. Затоа, заморот и исцрпеноста не треба да се занемарат. Тестирајте се за коронавирус“, вели професорот Сантош Кумар од Одделот за респираторна медицина, КСМУ.

Веќе познатите симптоми на коронавирус се слични на грипот, а меѓу новите симптоми, лекарите вклучуваат дијареја, црвени очи, осип и замор.

Медицински експерти од индискиот град Лакнау велат дека имало над десетина случаи кога пациентите доживеале екстремен замор, но не се консултирале со лекарите. Кога нивната состојба се влошила, тестот на крвта покажал драстичен пад на нивото на тромбоцити. Потоа, пациентот ќе развие проблем со дишењето и ќе има фатален исход без употреба на кислород, се наведува.

Коментари

Популарно