Почна музичкото талент шоу „Заблескај“, Ангела Лавровска е девојката која ги маѓепса Дани и Пере: „Новата ѕвезда е родена!“

Вчера се емитуваше првата емисија од музичкото талент шоу „Заблескај“. Премиерата беше на Јутјуб каналот на „Убавина и здравје“ каде секој нареден понеделник во 21 часот ќе бидат преставени сите емисии, осум во целост, од кои шест се аудиции, седмата е полуфинале, а осмата финале.

Во рамки на првата емисија беа претставени 10 кандидати, а нивните настапи ги коментираа пејачката Дани Димитровска и фронтменот на составот „Нокаут“, Никола Перевски – Пере, секако, во друштво на Марко Новевски кој е домаќин, односно водител на шоуто.

10-те кандидати Дани и Пере ги оценуваа посебно, после секој настап и иако имаше голем број од нив кои им оставија впечаток, сепак, според нивното стручно знаење и мислење, двоецот одлучи прв полуфиналист да биде 18- годишната девојка Ангела Лавровска која ја испеа темата „Врати ми го сонцето“ од Александра Јанева.

„Одлично, изведба која ме остави без зборови, супер изведено, браво Ангела, порача Дани.

„Се гледа дека е природна, има енергија, и лежи веројатно ваков тип на музика, има одлична боја на глас, емоција, распонот е широк, одлична е, додаде Пере.

Покрај Ангела, Дани и Пере признаа и дека имаат уште неколку фаворити, но со оглед на тоа што имаа право да изберат само еден полуфиналист, останатите девет останува да ги гледаат наредните изданија на „Заблескај“ затоа што шансите и тие да влезат во полуфинале се големи.

Имено, шест полуфиналисти се бираат поединечно после секоја емисија, а вторите шест дополнително влегуваат во полуфиналето. За нив, секако, ќе одлучува стручното жири, но во предвид ќе бидат земени и ставовите и мислењето на публиката, така што на Инстаграм страницата на „Убавина и здравје“ под видеата ќе можете да оставате коментари со ваше мислење.

Пријавувањата се уште се во тек и ќе траат до 10 мај, така што сите оние кои се уште се немаат пријавено, можат тоа да го направат и тоа на следниот начин:

Имено, видеото со отпеаниот рефрен или стих од песната пратете  го во ДМ на официјалната инстаграм-страница @ubavinaizdravje.mk или на мејл-адреса – [email protected] Истото видео, откако ќе го пратите во ДМ, објавете го и на вашите профили на Инстаграм, ТикРок или на Фејбук со следните хаштагови: #заблескај и #заблескајсоорбит.

Победникот добива песна што ќе ја сними во дует со најголемата музичка ѕвезда кај нас, Елена Ристеска, и уште многу изненадувања, кои ќе бидат откриени во текот на натпреварот, a жири комисијата во секоја емисија ќе се менува, а во полуфиналето и финалето ќе жирира ист состав кој ќе биде составен од шест истакнати и реномирани музичари од кај нас.

Ќе има изненадувања и за преостанатите финалисти и полуфиналисти.

Проектот „Заблескај“ е поддржан од Орбит, рефреш партнери се Франк кафе, a e во организација на „Колор Медиа Плус“ и магазинот „Убавина и здравје“.

Во продолжение погледнете ја првата емисија. Чекаме ваши коментари, критики, пофалби!

Не заборавајте, премиерите се секој понеделник во 21 часот, на Јутјуб каналот на „Убавина и здравје„.

Споделувајте, пејте, гласајте, навивајте! Нека заблеска новата ѕвезда на македонското музичко небо!

Коментари

Популарно