Синот на Миранда од серијата е вистински убавец

Снимањето на продолжението на познатата серија „Сексот и градот“ во голема мера е во тек, а фотографии од сетот се објавуваат секојдневно.

На најновите фотографии, покрај добро познатите ликови, како што се Синтија Никсон, популарната Миранда и нејзиниот партнер Стив, кој го игра актерот Дејвид Егенберг, можеме да видиме и колку пораснал нивниот син во серијата.

Имено, малиот Брејди, кој ги воодушеви гледачите со својата симпатична црвена коса, денес веќе е младо момче. Иако како возрасен не го игра истиот актер што го видовме во оригиналните епизоди од серијата, интересно е да се види колку време помина од последното продолжение.

Синтија, Дејвид и нивниот телевизиски син беа фотографирани во друштво на актерката Кристин Дејвис, која го игра ликот на Шарлот и нејзиниот сопруг од серијата, чии деца исто така пораснаа. Да се потсетиме, тие во серијата се родители на близначките Лили и Роуз.

Фановите на култната серија „Сексот и градот“ беа воодушевени откако беше објавено дека ќе се снима продолжението. Неодамна протече дел од сценариото, а многумина се разочарани од тоа што наводно ќе се случи со ликовите.

Коментари

Популарно