Оваа дама сега има 52 години а со текот на годините е се поубава

Популарната данска манекенка Хелена Кристенсен која во 90-те била многу славна и атрактивна на модните писти и во светот на моделингот, пред неколку месеци го прославила 52-от роденден.

Оваа дама која старее баш како и виното, со текот на годините е поубава и похаризматична, а неодамна објавила серија фотографии во свилена долна облека, покажувајќи го своето витко и затегнато тело.

Хелена позирала во провокативно издание, а манекенката не ги открила само своите гради туку и предолгите нозе. Кој би рекол дека таа „гази“ во 6-та деценија од животот.

Славната убавица која некогаш била ангел на „Викторија Сикрет“ со сексапилните фотографии привлекла огромно внимание на Инстаграм, па добила речиси 40 илјади допаѓања и бројни коментари.

„Поубава од кога и да е“, „Гориш“, „Класична убавина“, „Останав без зборови“, „Ти си прекрасна“, „Ме инспирираш и забавна си“, „Ти не старееш...“, се само дел од коментарите.

Таа вели дека младоликоста ја должи на еден едноставен трик, а тоа е доволно квалитетен сон. Исто така виткоста ја одржува со пливање и јога, а ги советува жените да почнат да вежбаат и дека никогаш не е доцна за редовен тренинг.

Исто така таа истакнала дека самодовербата и слободата ја стекнала уште во раното детство, додека растела во Данска и дека и тие делумно се дел од нејзиниот успех.

„Воспитувањето во Данска дефинитивно ми влеа чувство за самодоверба, научив како природно да пристапувам кон своето тело. Данците ништо не кријат, поради тоа никогаш сум немала проблеми со покажување на убавината на женското тело, телото кое дава живот, телото кое е чудо самото по себе. Го гледам тоа како уметничко дело“, изјавила таа минатата година во едно интервју.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Helena (@helenachristensen)

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Helena (@helenachristensen)

Коментари

Популарно