Георгиевски: Ова сребро е за цела Македонија!

Македонскиот теквондист Дарко Георгиевски пристигна во Скопје и со олимпиското сребро имаше еуфоричен дочек. Многу македонски граѓани се собраа да го поздрават успехот, а спортистот, иако видно уморен, се фотографираше со сите и побара да дојдат вечерва на плоштадот.

„Пред се, сакам да им се заблгодарам на сите оние што ми дадоа огромна поддршка по овој настан. Баш ми е драго што гледам толку многу луѓе. Морам да признаам дека малку сме уморни затоа што менувавме три лета, ќе бидам краток, но овој успех е тука за да се слави и сакам целата Македонија да ми даде голема поддршка. Емоциите почнаа да работат откако пристигнав, кога гледам кои луѓе се тука и како ме поддржуваат“, кратко изјави Георгиевски по пристигнувањето во Скопје.

Олимпиското сребро ќе се најде на плоштадот „Македонија“ вечерва од 19:30 часот, заедно со Георгиевски и целиот негов тим кој го оствари големиот успех на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) во Токио.

Коментари

Популарно