(Видео) Меркел имаше проблеми да излезе од својот автомобил

Денеска Ангела Меркел пристигна во Тирана за да разговара со Еди Рама за билатерални прашања. Но, за време на нејзиното пристигнување се случи неочекувана ситуација.

Се заглавави вратата од автомобилот, низ која требаше да излезе германската канцеларка Меркел. После неколку неуспешни обиди, вратата се отвори и канцеларката излезе од aвтомобилот.

Овој момент можете да го забележите во 00.38 секунда во видеото.

Инаку, како што соопшти германската амбасада во Тирана, Меркел после разговорот ќе присуствува на ручек со премиерите на сите земји од Западен Балкан, на кој главна тема ќе биде регионалната соработка, по што ќе следи прес-конференција.Пред враќањето во Берлин, Ангела Меркел ќе има билатерални средби со шефовите на владите на Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Косово.

Советот на министри на Босна и Херцеговина објави дека на состанокот на Ангела Меркел со лидерите на Западен Балкан ќе присуствува претседавачот Зоран Тегелтија, кој потоа ќе има билатерална средба со германската канцеларка.

Коментари

Популарно