Ема имала само 18 години кога се омажила за најопасниот маж во Мексико - како денес изгледа госпоѓа Ел Чапо

Ема Коронел Аисупуро ги поминува своите затворски денови во Вирџинија, во окружниот затвор, затворена во самица. Внатре, според нејзиниот адвокат, Ема чита љубовни романи за да го натера времето да помине побрзо.

Животот во затвор е остра спротивност со она на што е навикната Ема. Пред само неколку месеци, таа планираше да лансира линија за облека наречена „Ел Чапо Гузман“. Бидејќи Ема сѐ уште има статус на стилска икона во Мексико.

Во 2020 година, Ема беше уапсена и обвинета дека му помогнала на нејзиниот сопруг, господарот на дрогата, да го води озлогласениот картел Синалоа.

Гузман (64), попознат како Ел Чапо, сега отслужува доживотна казна затвор во затворот во Колорадо.

Ема е обвинета и за помагање и организирање на бегството на нејзиниот сопруг од мексиканскиот затвор во 2015 година.

Аналитичарите кои внимателно ги следат настаните со трговијата со дрога низ целиот свет, зборуваат за Ејми Коронел со малку стравопочит, бидејќи она што го постигна како млада жена, никој не успеал.

Имено, сопругата на Ел Чапа е јавна личност, чувар на капијата, рака што настапува кога станува збор за работите на нејзиниот сопруг.

Аналитичарите тврдат дека Ема е единствената жена – нарко бос која успеала да остане на моќна позиција.

„Кога се занимавате со овој бизнис, или ќе бидете фатени или ќе умрете“, изјави за Би-Би-Си Дерек Малтез, поранешен специјален агент за борба против дрогата.

Коментари

Популарно