Македонската фудбалска репрезентација напиша историја по вечерашната победа над Исланд и пласманот во баражот за мундијалот во Катар.

Според новите пропозиции на ФИФА ќе бидат извлечени 3 групи од по 4 репрезентации кои секоја преку финале и финале ќе обезбеди вкупно три патника за Катар.
Тука се вклучени 10-те второпласирани селекции од квалификациите и две селекции од Лигата на нациите. Извлекувањето на групите е на 26.11 во Цирих.