Милијардерот, бизнисмен и обожавател на Мајорка, Ричард Брансон, почнал да гради раскошен хотел на тој шпански остров популарен меѓу туристите со длабок џеб.

Откако овој британски милијардер, сопственик на компанијата "Virgin", десет години имал проблем со властите на Мајорка, градењето на хотелот конечно започнало.
Луксузниот хотел со 29 соби ќе се гради на местото на една вила во Сон Буниола на западниот дел од островот, а локалните медиуми јавуваат дека вилата веќе неколку дена е окружена со скелиња и заштитна лента.
Од детството ја посетува Мајорка
Брансон уште од детството го посетува островот Мајорка и веќе пред неколку години рекол дека таму сака да го изгради најдобриот хотел на светот. Подоцна описот го променил во "најлуксузен хотел на медитеранот".
Брансон имотот на Сон Буниола, кој се простира на 300 хектари, го купил уште во 1993-та година, но го продал во 2002-ра година бидејќи владата не сакала да му издаде градежна дозвола.
На почетокот на летото ја добил последната дозвола за градба
Но, богатиот бизнисмен не се откажувал, па имотот го купил повторно за 15 милиони евра.
Последната дозвола потребна за граба владата му ја одобрила дури на почетокот на ова лето.
Но, Брансон мора да се придржува до строгите правила и не смее да го прошири хотелот надвор од дозволените рамки, а изградбата мора да прекина за време на сезоната на парење на птиците, меѓу февруари и јуни.