Македонија освои злато во CS:GO на Светското првенство во Израел!

Репрезентацијата на Македонија во CS:GO oсвои злато на Светското првенство кое се играше во Израел!

Откако денес со голем пресврт ја победивме Украина со 2:1 во мапи и обезбедивме место во големото финале, таму нашите момци одиграа одлично и не дозволија на Романците да се понадеваат на победа. Во финалето Романија ја добивме со 2:0.

Прво се играше на „Inferno“, Романија поведе со 6:3, меѓутоа се вративме и поведовме со 8:7. Сепак Романците направија пресврт и дојдоа до 10:9. Но, тука следуваше една серија на нашите момци од шест рунди, па поведовме со 1:0.

Втората мапа која се играше беше „Mirage“. Тука ние подобро отворивме и поведовме со 3:0, следуваа пет рунди за Романија (3:5). Од тој момент ние направивме серија со пет рунди и Романците веќе не се вратија во мечот, мапата ја добивме со 16:11.

Македонија од Израел се враќа со златен медал и парична награда од 10.000 долари. Целото видео можете да го видите ТУКА

Коментари

Популарно