Младиот велешки талентиран глумец Стефан Николовски уште еднаш ќе ве насмее до солзи со своите видеа. Овојпат, на тапет беа најпознатите македонски политичари, Зоран Заев, Христијан Мицкоски, Димитар Апасиев и други.
Темата на видеото во кој ги имитира сите гласови на политичарите е, како истите се однесуваат или како се договараат да одат во кафеана.