Младиот кромид е одличен лек против воспаленија

Младиот кромид е добар за здравјето, велат нутриционистите. Токму поради тоа тој треба да се употребува во што поголеми количини. Овој зеленчук е ислучително добар против воспаление.

Воспаление на грло

Исечете го кромидот на парчиња, а можете да додадете и малку изрендан ѓумбир и сол, ставете на крпа и загрејте. Топлата крпа замотајте ја во уште една крпа и ставете на воспаленото место, околу вратот или градите.

Отечени нозе

Младиот кромид варете го неколку минути. Изблендирајте го додека смесата не се претвори во паста. Со пастата намачкајте ги отечените делови.

Растечен нос

Истолчете го кромидот и сокот кој ќе се појави ставете го на парче памук, па на подрачјето на синусите.

Коментари

Популарно