По семејната драма Карлеуша објави фотографија од својата покојна мајка

Дека нападот се случил потврдија двајца сведоци, членови на семејството - братот на Јелена Марко и нејзината тетка Данијела, сестра на мајката Дивна.

Јелена Карлеуша вчера на 7 јануари околу 12 часот и 20 минути го пријавила сопругот Душко Тошиќ за семејно насилство и одбила лекарска помош, како и да поднесе пријава против него и да го гони, но физичкиот напад претходно го пријавила на полицијата.а властите на нејзина покана дошле во нивниот семеен дом на Дедиње. На Тошиќ му е изречена мерка забрана од приближување од 48 часа, а причината за немилиот настан сѐ уште е непозната за јавноста.

Меѓутоа, ако се вратиме три години наназад, кога мајката на Јелена, Дивна Карлеуша сè уште беше жива, таа му испрати емотивни зборови на Душко по повод неговиот 34-ти роденден и со тоа стави до знаење колку го сака и почитува.

- Најмил моја! Душко, среќен роденден, здравје и среќа! Прекрасен човек, генијален спортист, нежен татко и сопруг, одличен зет. Среќно уште 100 години – напишала тогаш во нејзината честитка на Инстаграм.

Да потсетиме, синоќа, по наводниот напад на Тошиќ врз неа, Карлеуша вечерта првпат се огласи на својот Инстаграм профил, каде како дел од опцијата „story“ објави спомен од нејзината покојна мајка Дивна , па многумина заклучија колку и недостигаше.во вакви исклучително тешки моменти.

Коментари

Популарно