(Фото) Познатата Шехерезад за првпат покажа како ја дои ќеркичката Лејла на јавно место

Фотографијата на Бергузар Корел, за прв пат со бебето во јавноста, ги воодушеви нејзините следбеници на социјалните мрежи кои го следат секој нејзин чекор.

Малата Лејла донесе нова радост во животот на турската актерка, а популарната Шехерезада и нејзиниот сопруг Халит Ергенч и се посветени од првиот ден заедно.

Откако подготви вистинска празнична бајка за наследничката, актерката реши да го помине времето со малата Лејла на јавно место, а тоа што го направи ги воодушеви сите.

Имено, Бергузар ја доела својата ќерка во кафулето каде што седела, а многумина го поздравија овој потег, бидејќи актерката ги руши табуата за доење на јавно место.

Покрај тоа што уживаше во опуштеното излегување со својата наследничка, грижливата мајка се погрижи да не ја загрози Лејла, па ја држеше цврсто во раце повикувајќи на силна љубов кон неа.

Коментари

Популарно