(Фото) Не можел да поверува што пишува патничката пред него во авионот

Еден корисник на „Редит“ на оваа социјална мрежа објавил фотографии на кои се чини дека патничката пред него пишувала порака на мобилниот телефон дека е заразена со коронавирус за време на авионскиот лет.

„Имаме ковид, шшш… Затоа се враќаме еден ден порано, сега сме во авион“, се гледа во пораката, а ваквата објава налутила многумина.

„Еве зошто пандемијата никогаш нема да заврши“, „Ова е типична личност која, доколку сме во филм, ќе криеше дека ја каснало зомби“, „Требало да им каже на сите во авионот, да ја разоткријат“. „Еве што се случува кога овие работи се решаваат со верување во личната одговорност на поединецот“, се само дел од коментарите.

Но, имало и такви кои го критикувале корисникот на „Редит“ за „нарушување на приватноста на патничката со снимање на нејзините пораки“.

„Таа го нарушила здравјето на другите, тука нема оправдување“, го бранеле други.

Коментари

Популарно