(Видео) Падна брачна понуда на државното 3х3 првенство на Македонија

Минатиот викенд во СРЦ Кале се одржа завршницата од државното првенство на Македонија во 3х3, а освен кошаркарските возбудувања, вниманието го привлече еден несекојдневен момент.

Македонскиот репрезентативец во оваа конкуренција Ивица Глигоровски одлучи јавно да ѝ предложи брак на својата долгогодишна девојка. Кај неа немаше дилема, прифати без размислување, на задоволство на присутните.

Глигоровски е еден од најдобрите македонски 3х3 играчи, во моментов член на екипата Баду Бар со која бележи одлични резултати.

Целото видео погледнете го ОВДЕ

Коментари

Популарно