Летна салата со пилешко која ќе стане ваше омилено јадење

Состојки:

300 грама пилешко филе

200 гр тестенини

1 црвена пиперка

грст беби спанаќ

30 гр песто

40 гр фета сирење

Подготовка:

Прво сварете ги тестенините и оставете ги на страна. Потоа пилешкото филе испечете го на скара и исечете го на коцки со саканата големина.

После тоа, време е да ја спакувате салатата.

На дното ставете бебешки спанаќ, потоа ситно исечкана црвена пиперка, па време е да ставите тестенини со сосот од песто, потоа ситно сечканиот лук, а потоа додајте ситно сечкана фета и пилешко на скара.

Пријатно!

Коментари

Популарно