Срби стигнале во Паралија и свртеле оро во море! Грците се крстат

Грција е вистински рај за Србите. Не, не е само заради убавото море, шеталиштата, кафулињата, одличната храна и слатките. Грција е секако местото каде што ќе се чувствувате најудобно како Србин – секоја средба со непознат Грк ќе ви изгледа како да гледате стар пријател, велат нашите соседи.

Одамна е познато дека Србите на грчкиот брег се чувствуваат како дома, а кога веќе така се чувствуваат, нема да им биде проблем да се соберат неколку десетици од нив на плажата каде што има стотици луѓе и заедно да танцуваат во водата, се разбирам она што најдобро го знаат – колце.

Многумина со телефони во рацете застанале за да го овековечат овој момент на неверојатна среќа и радост – да се игра оро во море. А среде „магичниот“ круг „подигруваат“ и двајца мажи – едниот со српско, а другиот со грчко знаме во рацете, инаку двете врзани од едната страна. И да, музиката е жива, не станува збор за плејбек. Има фул оркестар влезен во водата, свират, па растураат. И никому не му е гајле што пука сонце, се игра мислиш свадба.

И не е прв пат, сценава се повторува веќе некое време откако Јагодина и Паралија (кај Катерини) се збратимија, па во ова грчко летувалиште повеќе се зборува српски отколку грчки.

Погледнете ја урнебесната сцена:

Да не останат покусе се погрижија група на Грци кои на една од плажите на Миконос возвратија со изведба на грчки народен танц во морето. ПогледнетеЧ

Коментари

Популарно