“Бугари, Бугари…“ За Македонија среде Софија

Скандалозни антимакедонски навреди од страна на навивачи на бугарски фудбалски клуб кон играчите на скопската екипа Македонија Ѓорче Петров познати како ,,лавови”.

Ако првата македонско-бугарска пресметка пред една недела во Скопје помеѓу Македонија ЃП и ЦСКА мина без никакви провокации, денешното гостување на „лавовите“ во Софија донесе тешка провокација од приврзаниците на „армејците“ кон фудбалерите од Ѓорче Петров, пренесува Спорт1.

Денеска на „Бугарска Армија“, приврзаниците на ЦСКА ги дочекале фудбалерите на Македонија ЃП со скандирања – Бугари, Бугари.

Фудбалерите на Македонија ЃП воопшто не изреагирале на големите провокации од страна на приврзаниците на противникот.

Тие денескаго одработија официјалниот тренинг пред утрешниот реванш-натпревар од 2. квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига против ЦСКА Софија.

„Лавовите“ тренираа на стадионот на ЦСКА, „Бугарска Армија“ на кој утре од 19 часот ќе се игра натпреварот европскиот реванш-дуел, а кој очигледно е во очајна состојба како во подтрибинскиот простор така и на самите трибини…

Но, без разлика на сето тоа фудбалерите на Муарем Бајрами фокусирани се единствено на своето издание и желбата да се дојде до изненадување против објективниот фаворит.

Коментари

Популарно