Кои карактеристики ви ги носи подзнакот во хороскопот?

Хороскопскиот знак покажува каде било Соцето во моментот кога сте се родиле и ги открива вашите особини. Додека подзнакот (асцендент) покажува кој знак се издигал на хоризонтот во моментот на вашето раѓање и го открива вашиот физички изглед и таленти.

Првата работа за која се покажува интерес во Астрологијата, покрај познавањето на сонечевиот знак е подзнакот или асцендентот. Тоа е така бидејќи секој од нас има желба подобро да си ги запознае карактерните особини или пак да си ги најде оние кои во сончевиот знак не ги нашол. Што е всушност асцендентот или подзнакот, како што е популарно наречен? Асцендент е степен во зодијачкиот круг кој го означува почетокот на првото поле. Знаејќи го него понатаму се одредуваат останатите единаесет полиња. Секое поле е подеднакво важно, но зошто интересот е најголем токму за ова поле? Првото поле го одредува карактерот на личноста, темпераментот, индивидуалноста, добрите и лошите особини, личниот успех, способностите, начинот на делување, градбата на телото, животната енергија, активноста, динамиката или едостано речено основата на животот. 

Овен – прави да изгледате поотворено, живо, независно и доминантно.

Бик – прави да изгледате смирено, стабилно, повлечено и самоуверено.

Близнаци – прави да бидете комуникативни, духовити, позитивни и љубопитни.

Рак – прави да изгледате срамежливо, суптилно, љубезно и инуитивно.

Лав – прави да изгледате магнетски привлечно, експресивно, цврсто и елоквентно.

Девица – прави да изгледате порезервирано, внимателно, аналитично и нервозно.

Вага – прави да изгледате пошармантно, оптимистично, дружељубиво и толерантно.

Скорпија – прави да изгледате потаинствено, тивко, замислено и мистериозно.

Стрелец – прави да изгледате повесело, директно, тврдоглаво и искрено.

Јарец – прави да изгледате повнимателно, контролирано, сериозно и посветено кон деталите.

Водолија – прави да изгледате поидеалистички, прогресивно, противречно и пријателски.

Риби – прави да изгледате поромантично, чувствително, несигурно и прилагодливо.

Коментари

Популарно