Видео: Лука Дончиќ заигра баскет со „маалски деца“

Словенската кошаркарска репрезентација се подготвува за септемврискиот Евробаскет во Љубљана, а викендов ќе ги одигра првите подготвителни натпревари во Турција, но се уште не е познато дали на нив ќе настапи Лука Дончиќ.

Веројатно ќе го стори тоа, бидејќи на Дончиќ очигледно никогаш не му е доста од кошарка.

Тоа го покажува и видеото кое почна да кружи на социјалните мрежи, каде словенечката НБА-ѕвезда си игра со деца на локалниот терен. Видеото го сподели и ФИБА на својот Твитер профил со коментар: „Најсреќниот ден во нивните животи?“

Коментари

Популарно