Доктор открива како најбезболно да го отстраниме ушниот восок

Повеќето луѓе, според експертите, неправилно ги чистат ушите. Освен стапчиња, некои луѓе користат и други, често опасни методи, кои не даваат добри резултати. Лекарите објаснуваат дека најважно е да се омекне стврднатиот церумен во ушите.

Посочуваат дека тоа најлесно се постигнува со капнување масло, додека во потешки случаи помагаат шприц и мешавина од оцет и алкохол.

Американскиот педијатар д-р Дејвид Гил нагласува дека никогаш не треба насилно да го отстранувате восокот од ушите, бидејќи за тоа има многу поефикасни методи, меѓу кои и користење на храна од кујната.

Доколку има големо количество на стврднат церумен во увото, многу е важно да го омекнете со масло, така што ќе потопите памук во масло и потоа ќе го ставите во увото без насилно да го туркате.

Потоа протресете ја главата, така што восокот ќе се движи кон надворешниот канал. Потоа почекајте две до три минути и ставете неколку капки масло во увото.

Ако ништо од ова не ви помага, тогаш измешајте оцет и медицински алкохол во сооднос еден спрема еден, а потоа исплакнете ги ушите со оваа смеса, користејќи шприц.

Коментари

Популарно