Новата девојка на Пике многу личи на Шакира

По 12 години совршена врска, колумбиската пејачка Шакира и шпанскиот фудбалер Жерар Пике, од која им се родија двата сина - Мила и Саша, светот остана шокиран од фактот дека познатата двојка се разделува.

Тогаш се пишуваше дека Пике својата позната девојка ја изневерил со помлада девојка, а сега се појави веста дека фудбалерот е во врска со студентката Клара Киом Марти, која е 12 години помлада од него.

Нејзините фотографии се појавија на социјалните мрежи, а ако може да се суди по нив, Шакира оставила неверојатна трага на фудбалерот, со оглед на тоа што неговата нова девојка е копија на неговата девојка, што предизвика голем број коментари.

„Медиумите не сакаат да ги објават нејзините фотографии дека луѓето не би ги споредиле со Шакира“ - коментираат на Твитер, каде го истакнуваат и следното: „Клара не требало да почне врска со Жерар ако знаела дека тој има семејство“.

Имено, 23-годишната Клара е многу слично градена како Шакира, а нејзината бујна руса коса неодоливо потсетува на препознатливата фризура на музичката ѕвезда. Гледате ли и вие сличност помеѓи овие две девојки на Пике?

Коментари

Популарно