Овие два витамина знаат да бидат токсични ако претерате со конзумирање

Грижата за одбранбениот механизам на телото е неопходен за луѓето да останат здрави. Секојдневно сме изложени на нешто што потенцијално може да не разболи, од бактерии до вируси и паразити.

Имуниот систем секоја секунда во денот се бори за да ве заштити од болести. Стилот на живеење е исто така важен за добриот имунитет. Одржувањето на здрава тежина, исфрлањето на цигари, квалитетен сон од 7 до 9 часа, исхрана со овошје и зеленчук се дел од градењето на силен имун систем.

Исто така, од голема корист се и витамините. Се покажа дека некои витамини силно влијаат на имунитетот,  но неопходно е да знаете кои витамини се природни. Земаме витамини бидејќи се случува да не ги внесуваме доволно преку исхраната. Но, и кога користите суплементи треба да се советувате со доктор, бидејќи може да има обратен ефект особено при интеракција со одредени лекови.

Витамин Ц

Тој е силен антиоксиданс кој помага во производство на бели крвни зрнца, потребни за борбата против инфекции. Кога се земаат во соодветна доза, оралните додатоци на витамин Ц се сметаат за безбедни. Но, премногу витамин Ц може да предизвика несакани ефекти како мачнина, повраќање, дијареја, грчеви во стомакот, надуеност, умор, несоница, главоболка.

Кај некои луѓе оралните додатоци на витамин Ц може да предизвикаат камења во бубрег, особено ако се зема во големи дози.

Цинк 

Помага во закрепнување на оштетени ткива, зараснување на рани и производство на бели крвни зрнца. Релативно е безбеден, но може да има одредени несакани ефекти како лошо варење, дијареја, главоболка, мачнина, повраќање.

Кога орално се зема во големи дози може да предизвика недостиг на бакар. Луѓето со ниско ниво на бакар имаат невролошки проблеми како трнење и слабост во рацете и во нозете.

Коментари

Популарно