Имам 40 години, а никогаш не сум била со маж - Никој не сака да излезе со мене

Една од најубавите атлетичарки во светот, американската олимпијка Лоло Џонс (40) ја шокираше јавноста со признанието дека никогаш во животот не водела љубов. Џонс открила дека причината била тоа што сакала како девица да влезе во бракот.

„Се обидов со луѓе од различни сфери на животот, дури и со колеги спортисти, но секогаш ќе завршеше со раскинување и ќе ми се скршеше срцето. Решена сум да имам секс за прв пат само кога ќе сум во брак, но јас не можам да го најдам вистинскиот маж“, изјави неодамна очајната Лоло.

Јавното признание не и помогнало. Жешката Американка откри дека поради оваа изјава сега и е уште потешко да најде момче.

Инаку, пред неколку дена видно расплаканата Лоло во видео објаснила дека сака семејство. Со оглед дека полни 40 години, спортистката решила да ги преземе работите во свои раце и да ги започне првите чекори во процесот на ИВФ, кој вклучува замрзнување на јајце клетки.

Коментари

Популарно