Оние кои редовно јадат ориз имаат подобар сон, а еве и зошто

Луѓето кои редовно јадат ориз имаат подобар сон, додека оние кои јадат тестенини имаат поголема веројатност да имаат проблеми со спиењето, потврдија јапонските научници.

Одредена храна има корисен ефект врз спиењето, а јапонските научници потврдија дека редовната потрошувачка на големи количини ориз помага при несоница. Храната со висок гликемиски индекс како ориз е богата со аминокиселина триптофан што предизвикува поспаност.

Триптофанот ја зголемува количината на серотонин во мозокот и го промовира производството на мелатонин, хормон за спиење.

Луѓето кои редовно јадат ориз имаат подобар сон, додека оние кои јадат тестенини имаат поголема веројатност да имаат проблеми со спиењето. Нивниот сон често се прекинува и им треба повеќе време да заспијат, додека оние кои јадат ориз спијат подолго и подобро, открило истражување спроведено на 1848 испитаници.

– Храната со висок гликемиски индекс е поврзана со подобар сон, особено подолго времетраење. Истото не важи и за тестенините што го нарушуваат спиењето. Потрошувачката на леб, палачинки или пица немала никакво влијание врз сонот – тврдат научниците.

Коментари

Популарно