Истражување: И поблагите форми на коронавирусот можат да предизвикаат сериозни проблеми со срцето

Најновите истражувања сугерираат дека луѓето кои имале поблаг Ковид-19 можат да бидат подложни на срцеви заболувања.

„The Sun“ пренесува дека оние кои доживеале продолжена состојба на Ковид-19, пријавиле дека се борат со симптоми како што се силен замор, болки во мускулите, отежнато дишење и губење на чувството за мирис и вкус.

Сепак, најновите истражувања укажуваат на опасни срцеви заболувања кои можат да се појават после прележан коронавирус.

Проблемите со срце се појавуваат и кај пациентите кои имале поблага форма на вирусот.

Доктор Зијад Ал Али, епидемиолог од Универзитетот во Вашинготн, вели дека заболените од Ковид-19 имаат зголемен ризик од појава на срцеви заболувања.

„Се разви длабока последователна врска помеѓу Ковид-19 и срцевите заболувања, дури и кај оние кои имале блага форма на инфекцијата“, истакнува Али.

Истражувањето објавено од Канцеларијата за национална статистика покажува дека е зголемен бројот на смртни случаи поради проблеми со срцето. Забележано е зголемување на смртните случаи поради срцеви аритмии, главно кај популацијата над 80-годишна возраст.

Коментари

Популарно